Луѓето се интересирале за тибетските обичаи и нормално за традиционалните тибетски рецепти, па познавачите на алтернативната медицина нудат повеќе производи кои се здрави, а за кои се верува дека го продолжуваат животот. Еве и еден чај, кој редовно се употребува во тибетската медицина, а е многу делотворен за организмот.
Потребни состојки:
– 2 литри вода
– 5 грама нарендан ѓумбир
– 2 големи лажици сок од свеж лимон
– 2 големи лажици природен мед
– 1 прстофат мелен лут пипер
– 1 прстофат анасон
Подготовка:
Ставете ја водата на оган. Оставете ја да врие 5 минути, по истекот на ова време тргнете ја водата од оган и оставете малку да се олади. Сите горе наведени состојки сега една по една додадете ги во водата. Оставете ја смесата да отстои покриена се додека потполно не се олади, а потоа течноста која е добиена од оваа смеса е спремна за консумирање. Многу е важно состојките да не ги додадете во врелата вода. Водата треба да се олади до степен што ќе биде само млака и тогаш да се додадат состојките, за да не се изгубат лековитите материи.
Дозирање – Овој чај е најдобро да се консумира во текот на целиот ден и тоа голтка по голтка на одредени растојанија. Може исто така да се консумира и по една мала чаша половина час пред секое јадење. Според рецептот, 2 литри течност треба да се подели на троица, и тоа е оптималната дневна доза.
Точка.ком.мк