Home / сведоштва / Јапонките живеат најдолго и не се дебелеат – еве ја нивната тајна

Јапонките живеат најдолго и не се дебелеат – еве ја нивната тајна

Во последните 25 години Јапонките држат рекорд како најдолговечни жени на светот, затоа што во просек живеат 84 години и згора на се и не се дебелат, објавува порталот Магазин.

Во својата книга „Јапонките не стареат и не се дебелеат“, Наоми Моријама ги открива тајните од јапонската кујна кои се одговорни за здрав и долг живот.

japonkiМоријама наведува дека намирниците кои помагаат за слабеење едноставно се дел од секојдневната јапонска кујна, кои се конзумираат на различен начин, а тоа се риба, морски растенија, зеленчук, соја, ориз, овошје и зелен чај.

Инаку Јапонците секојдневно уживаат во зготвените оброци, при што традиционалниот оброк се состои од риба на жар, чинија ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и исецкано овошје.

Важно е да се напомене дека Јапонците конзумираат околу 10 проценти од целата риба во светот, иако тие сочинуваат само два отсто од светската популација.

Моријама, исто така, наведува дека од детство, родителите ги учат дека мораат да јадат пополека и да го ценат секој залак.

Правилата на кои мора да се придржуваат се никогаш да не се полни чинијата целосно, ниту смеат да сервираат голема порција и секоја намирница мора да биде посебно сервирана.

Моријам истакнува дека јапонската кујна е лесна и во неа се готви пополека, намирниците главно се варат, кратко се потпекуваат на жар, се готват на пареа или брзо се пропржуваат во вок тава.

Наместо со леб, Јапонците со секој оброк конзумираат ориз и тоа претставува голема разлика од тоа како се јаде на Исток и на Запад.

Во Јапонија појадокот се смета за најважен и најобемен оброк, поради што се состои од повеќе намирници и пијалаци, а кои вклучуваат зелен чај, ориз готвен на пареа, мисо супа, тофу, млад кромид, морска трева, омлет или парче риба.

Слатките десерти во Јапонија се јадат ретко, а кога се на мени најчесто се работи за многу мали порции, што не значи дека Јапонките не сакаат чоколадо, колачи и сладолед и торти, туку дека сфаќаат колку тој вид на храна има моќ да му наштети на организмот.

Вежбањето е секојдневна рутина во Јапонија и секојдневно Јапонците вклучуваат многубројни вежби, а изградиле и цела „култура на возење на велосипед“ , пешачење и планинарење, истакнува Моријама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top