Home / аларм / „Дијагнозите“ на Google погрешни во четвртина од случаите

„Дијагнозите“ на Google погрешни во четвртина од случаите

Повеќето луѓе кога ќе се соочат со здравствен проблем, прво што прават е „гуглање“ на симптомите за самите да откријат што ги мачи. Иако тоа изгледа многу полесно од одењето кај доктор, често „дијагнозата“ на Google не е точна.

Едно британско истражување покажува дека секоја четврта жена си препишува погрешна дијагноза, а потоа и купува погрешен лек за својата „болест“ следејќи ги советите од интернет пребарувачот.

google dijagnoza

Dr. Google е првото место на кое тие бараат помош за своите проблеми, но според истражувањето, често пати прави грешки. Пребарувањето оди дотаму што како резултат на терапија препишана на своја рака, се појавуваат и непријатни контра индикации.

Истражувањето спроведено врз 1000 жени покажува дека повеќето од нив, прво се консултираат со интернетот, пред да се обратат на доктор или пак да се распрашаат кај фамилијата и пријателите. Една петина од нив, на тој начин прават погрешен заклучок дека имаат некоја сериозна болест.

Голем дел од испитаниците велат дека причината што прво „прашале“ на интернет е што им било срам да зборуваат со пријателите и фамилијата за своите здравствени проблеми. Повеќе од една четвртина признале дека ги ужасува помислата да зборуваат за тоа со својот доктор.

Поради процесот со закажување и чекање, речиси третина од жените решиле да одат на доктор, дури во случај на крајна нужда. Тие велат дека долго време минале загрижени за симптомите пред се обратат на некого.

Сепак резултатите од ова истражување покажуваат дека лесно може да се погреши во заклучокот и во самостојното дијагностицирање. Затоа ако имате здравствен проблем, консултирајте се со вистински медицински професионалец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top