Home / аларм / Грипот зема замав, мијте раце, бегајте од вирусот

Грипот зема замав, мијте раце, бегајте од вирусот

Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 1-та недела 2014, изнесува 1.343 од кои шестмина се заразени од вирусот на свински грип.  Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.

grip fluНови 366 заболени од грип се регистрирани во првата недела од оваа година. Во однос на овој период минатата година се забележува зголемување на бројот на заболени од сезонски грип за 2,6 проценти.

Најголем број на заболени сезонава се на возраст од 15 до 64 години, односно 770, а според бројот на население, најзагрозено е Пехчево, со 40,5 случаи на 10.000 жители, а најголем број  заболени (324) се регистрирани на територијата на Куманово.

Инаку грипот ја крена претпазливоста кај родителите, па забележливо е намалено присуство на деца по градинките.

Советите од надлежните за да не се пренесе грипот се избегнување контакт со заразени лица,  внимавање на хигиена на рацете, избегнување престој во затворени простории и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top