Free songs
Home / алтернативна медицина / Францускиот бакнеж лечи сто болести

Францускиот бакнеж лечи сто болести

Верувале или не, докажано е дека бакнежите ги јакнат забите и имунитетот, нè опуштаат од стрес, ги смалуваат алергиските реакции и можат да ни помогнат да ги совладаме разните здравствени проблеми.

kiss baknezБакнувањето е добро за забите и го јакне имунитетот, а ги намалува и симптомите на алергијата и стресот. Стоматологот Метју Месина укажува на корисната сила на влажниот француски бакнеж затоа што тој поттикнува производство на салива, која од забите ги отстранува штетните бактерии.

Научниците, исто така, наведуваат дека со сочните бакнежи можат да се согорат од две до шест калории во минута. Исто така, цела една група на фацијални мускули се активираат при бакнување и само неколку минути дневно се доволни за значително подобар, односно позатегнат изглед на образите и челото.

Експертите укажуваат дека не може да се одрече тоа што при бакнувањето доаѓа до размена на микроби, при што еден е особено опасен за жени трудници. Меѓутоа, истражувачите веруваат дека кога тој микроб жената ќе го добие со бакнежите во мали дози пред да затрудни, таа развива отпорност на него и истиот не се пренесува на детето.

Чувството на опуштеност за време на бакнувањето не е само во главата на поединецот, туку студијата спроведена во 2009. година утврдила дека кај мажите и кај жените после бакнувањето имало пад на нивото на кортизолот, односно хормонот на стрес.

Истражувањето спроведено во Јапонија покажало дека паровите кои се бакнувале 30 минути имале пониско ниво на протеинот кој предизвикува алергиско кивање и течење секрет од носот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top