Free songs
Home / Болести и лечење / Еве како да проверите дали имате хормонално пореметување – 8 знаци

Еве како да проверите дали имате хормонално пореметување – 8 знаци

Но, голем број на луѓе патат од хормонални пореметувања, а не се ни свесни за тоа. Овие нарушувања на хормоналниот баланс најчесто се јавуваат кај жените. Доколку имате три од овие симптоми повеќе од еден месец секако обратете се на лекар.

zena glava hormoniНепрестано дебелеење
Животниот стил, исхраната и физичката активност значајно влијаат на телесната тежина, но тоа не се единствените важни фактори. Недијагностицираните хормонални пореметувања можат значајно да го отежнат намалувањето на килограмите и одржувањето на здрава телесна тежина. Инсулинската резистенција е еден од најчестите причинители на необјаснивото насобирање на килограми, но многу лесно може да се реши преку усвојување на здрави прехранбени навики.

Ниско либидо
Еден од највоочливите симптоми на хормоналната нерамнотежа е ниското либидо, кое често започнува со нарушен квалитет на сонот. Недоволниот сон, како и сонот со лош квалитет, директно влијаат на желбата за секс, а хормоналната нерамнотежа често предизвикува проблеми со спиењето

Хроничен замор
Не можете да функционирате во текот на денот доколку не направите голема пауза? Не е нормално постојано да се чувствувате уморно и да имате проблеми со концентрацијата и помнењето, доколку вашите секојдневни активности се во рамките на нормалата и немате некои поголеми активности или пак сте под некој стрес.

Анксиозност, раздразливост и депресија
Анскиозноста и депресијата може да бидат показател дека вашето тело не е во рамнотежа, дека е полно со токсини, дека е под стрес и дека не му го овозможувате она што му е потребно.

Несоница
Хормоналниот дисбаланс директно влијае на сонот, а несоницата го влошува здравјето на целокупниот организам.

Прекумерно потење
Зголеменото потење најчесто се јавува кај жените кои се во менопауза и може да биде еден од првите знаци на оваа промена.

Потешкотии со варењето

Гасовите, подуеноста, затворот или дијареата се чести симптоми на хормонална нерамнотежа. Но, исто така може да бидат поврзани и со лоши прехранбени навики.

Зголемена потреба за храна
Најчестите причинители на желбата за храна е инсулинската резистенција, пореметување на функцијата на штитната жлезда и зголемено ниво на хормонот на стрес.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top