Free songs
Home / природен лек / Ехинацеа – билка која ја прочистува крвта

Ехинацеа – билка која ја прочистува крвта

Една од најпознатите билки со антибиотско и антивирусно делување е ехинацеата. Оваа билка потекнува од Северна Америка и има повеќе видови, меѓу кои најделотворни се Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallid.

kapki ehinaceaБилката содржи етерични масла, цинарин, алкиламид, фенол, апигенин, ехинокозис, полисахарид, борнеол, ехинацин, ресин, лутеолин, поиацетилин, кверцетин, кавен, инулин, витамин Ц, бакар, железо, јод, калиум.

Денес најмногу се употребува за зајакнување на имунитетот, ги зголемува лимфоцитите (белите крвни зрнца) и макрофагите (клетките кои настануваат од моноцити, а имаат цитотоксична или фагоцитна способност).

ehinaceaЛабораториските истражувања покажуваат дека билката се употребува при абнормален раст на клетките – односно го спречува развивањето на тумор, леукемија и рак.

Сепак, оваа билка не се препорачува кај автоимуните болести, склерозата и сидата. Западната медицина ја употребува при болести поврзани со дишните патишта, уринарниот систем, кожни болести, болки во уво, грип, инфекции и воспаленија, карцином, рани, тумор, убод од инсекти, замор, забоболка, како и регенерација на клетките, односно за прочистување на крвта.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top