Free songs
Home / сведоштва / Две години се лечеше од леукемија, сега му се врати на фудбалот

Две години се лечеше од леукемија, сега му се врати на фудбалот

Пред две години, љубителите на фудбалот ги шокираше веста дека славниот бугарски фудбалер Стилијан Петров боледува од леукемија.

Неговата кариера тогаш беше практично завршена, а пред него беше долг пат на терапии и лечење од оваа лоша болест.

stlijina-petrov-500Миленикот на навивачите на Селтик и Астон Вила не се предаваше. Неговата болест во моментов е во фаза на „ремисија“ односно постепено се повлекува. Но, види чудо, Петров му се врати на фудбалот.

Популарниот Стен го облече дресот на Вајчал Вондерерс, англиски нисколигаш, кој се натпреварува во Лигата на Централен Варвикшир.

На Петров во овој тим друштво му прави Дејв Бест, некогашен фудбалер на Ковентри, кој поради тешка повреда ја заврши професионалната кариера во 1996-та година. И останатите играчи во тимот се ветерани и имаат над 35 години.

Стилијан Петров, кој носи „десетка“ на грбот, досега одигра три меча, а во Купот постигна и еден гол.

-На теренот поминав 90 минути. Полека се враќам во кондиција, но морам да бидам трпелив, вели Петров.

Иако квалитетот на фудбалот не може да се спореди со оној кој го играше во своите најдобри денови, сепак Стилијан дава се од себе.

Легендарниот играч е на добар пат да ја победи болеста, а притоа го работи она што најмногу го сака.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top