Home / бабини рецепти / Домашно масло кое ги отстранува болките во грбот и зглобовите: стара руска метода на лечење!

Домашно масло кое ги отстранува болките во грбот и зглобовите: стара руска метода на лечење!

Немојте постојано да пиете аналгетици – подгответе домашен мелем кој ги отстранува болките и тегобите

maslo lukАлтернативната медицина има решение за речиси сите здравствени проблеми па така и за болките во грбот и зглобовите кои спаѓаат во најчестата болка на денешницата која се јавува како резултат на седењето со часови и физичката неактивност.
Наместо постојано да посегнувате по аналгетици, овој природен лек може да ви помогне да ги одржувате здравите зглобови во добра состојба или да ја намалите / да се ослободите болката која ја чувствувате.

Рецепт за болни зглобови и грб:
Ситно исецкајте 300-400 гр лук. Ставете го во тегла и прелијте го со 1л квалитетно нерафинирано билно масло (маслиново, сончогледово…), затворете го со капаче и оставете ја теглата во темна просторија на собна температура. Потребно е да отстои 2 седмици, но во тој период содржината во теглата треба да се протресува секојдневно. На крајот ќе добиете масло од лук, треба да го процедите низ 3-4 слоја газа или 2 пати низ ситна пластична цедалка.

Употреба:
Масирајте ги болните места со подготвеното масло, на пример долниот дел на грбот (крстот) во случај на остеохондроза, болки во грбот или во случај на артроза – болки во зглобовите на рацете или нозете.

Потоа, прекријте го местото со најлонска кеса и врз неа ставете ракавици (доколку се тоа зглобовите на рацете) или чорапи (ако станува збор за зглобовите на нозе).

Лукот ја подобрува циркулацијата на крвта кај болните зглобови, па со самото тоа помага во воспоставување на нивната функција. Терапијата со ова домашно масло би требало да ја практикувате околу 2 месеци. За секој случај, пред употреба на природни средства консултирајте се со вашиот лекар.

Popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top