Home / нови лекови / Овој лек ќе ја промени историјата – но, колку чини?

Овој лек ќе ја промени историјата – но, колку чини?

На пазарот на медицински средства во Германија од неодамна во продажба е пуштен најскапиот лек во историјата на човештвото. Станува збор за медикаментот ”Glybera”, кој е дел од генетската терапија во случај на недостаток на липопротеинска липаза, навистина ретка наследна болест.

Цената на терапијата изнесува неверојатни 1,1 милион евра.

lek-najskapАктивностите за создавање на овој лек траеле речиси 25 години, а производител на истиот е холандската биотехнолошка компанија “UniQure”.

Иако лекот бил подготвен за употреба уште пред две години, одобрението за негово пуштање во продажба било одложено, се со цел да се приберат дополнителни податоци за делотворноста.

Една ампула од лекот чини 53 илјади евра, а истата е доволна за две инјекции. Но, за лекувањето на еден пациент би биле потребни 42 инјекции, односно 21 ампула, што на крајот би значело трошок од околу 1,1 милион евра!

За пациентите овој лек ќе стане достапен најверојатно во февруари 2015 година. Инаку, во Европа моментално има околу двесте пациенти заболени од споменатата болест и тие се одлични кандидати за ваквиот вид на терапија.

Од компанијата “UniQure” истакнале дека “лекот е навистина скап, меѓутоа истиот се исплати затоа што пациентот кој ќе ја прими споменатата терапија, може мирно да живее најмалку шест години или подолго, па дури и до длабока старост”.

Досега заболените пациенти морале трајно да примаат исто така скапа ензимска терапија која со својот вкупен износ веројатно би чинела многу повеќе. Истата компанија моментално работи на генетски терапии за хемофилија и ненадејни заболувања на срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top