Home / бабини рецепти / Домашна маст против егзема кај децата

Домашна маст против егзема кај децата

Егземата претставува општ термин за повеќе видови на воспаленија на кожата. Атопичен дерматит е најчестата форма на егземата. Појавата на егзема е најчеста кај бебињата и малите деца, но не ретко се појавува и кај воздрасните.

egzema3Причинители на појавата на егзема може да бидат одредени надразнувачи или алергени, различни супстанции како сапуни, парфеми или хемикалии, алергии (особено алергиски реакции на храна ) како и промени во температурата и влажноста на воздухот.
Со помош на оваа маст, приготвена во домашни услови од чисто природни состојки ќе успеете на многу брз и ефективен начин да ги елиминирате сите непријатни симптоми на егземата како што се црвенилото на кожата, чешањето, печењето и формирањето на слоеви од сува кожа поради иритирачкото интензивно чешање.
Потребни состојки

50 грама зоб
100 мл кокосово масло
неколку капки масло од рузмарин
1 лажица маслиново масло

 

Подготовката е навистина едноставна. Прво се пристапува кон мелење на зобот се додека не се добие фин прав. Во меѓувреме на тивок оган се растопува и се загрева кокосовото масло. Во него се додаваат капките рузмариново масло и маслиновото масло. На крајот со течноста се прелива мелениот зоб. Потребно е да се меша се додека не се добие хомогена смеса. Садот е остава на собна температура да одстои неколку часа. На тој начин кремата е подготвена за употреба.

Препорачливо е со оваа маст да се мачкаат заболените места на кожата два до три пати во денот.

 

Мама365.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top