Free songs
Home / природен лек / Со домати се чисти црниот дроб

Со домати се чисти црниот дроб

Црниот дроб е најголемата жлезда во нашиот организам и единствен внатрешен орган кој може да се регенерира.

domatЗатоа, за да го прочистите црниот дроб, односно да ги исфрлите отровите, можете да ја спроведете и следнава диета.

Првиот ден, веднаш по будењето, испијте 220 дл топла вода во која ќе исцедите неколку свежи лимони. Во текот на денот, овој сок консумирајте го пред појадок, ручак и вечера и секогаш кога ќе се почувствувате гладни. Исто така, можете да земете и сок од свежи домати бидејќи и тој прочистува.

Наредниот ден направете мешавина од 85 грама маслиново масло и 55 грама масло од рицинус. Оваа течност испијте ја пред спиење, а потоа изџвакајте парче лимон за да го подобрите вкусот. Неколку часа по полноќ, ќе почувстувате потреба да се испразните и ќе забележате дека во својот живот не сте имале толку темна столица и толку непријатен мирис, а тоа значи дека полека сте се ослободиле од наталожените отрови.

Наредното утро направете си појадок кој содржи еден зрел домат, исечен на делови, на кој ќе му додадете малку вода и кратко време ќе го варите. Можете да му додадете малку сол, кромид и зачини, но никакви маснотии, а потоа изедете го. Овој оброк ќе ве прочисти од токсините кои се наталожиле во црниот дроб.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top