Ако ве мачи кашлица и имате потешкотии да го исфрлите шлајмот, направете го овој ефикасен домашен сируп.
Потребно ви е:
1 лажица корен од бел слез
1 лажица ленено семе
1 лажица жалфија
1 лимон, исецкан на ситни парчиња
250 мл вода
250 гр кафеав шеќер
Подготовка:
Ставете ја водата во сад на оган, а потоа додадете го шеќерот. Кога шеќерот ќе се стопи додадете ги сите останати состојќи и варете на ниска температура околу 15 минути. Смесата потоа отстранете ја од огнот и процедете ја.
Земајте по 1 лажица од сирупот три пати на ден. Користете го сирупот додека не почувствувате подобрување. Сирупот треба да го чувате во фрижидер.
Denar.mk