Овој рецепт до НМД.мк го испрати редовна читателка г-ѓа Татјана Митрова. Сирупот се подготвува во домашни услови и особено е погоден за помали деца кај кои исфрлањето на слузот е отежнато.
ПОТРЕБНО:
1 лажица ленено семе
1 лажица бел слез
1 лимон исечкан на кругови
250 г шеќер
250 мл вода
Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека шеќерот не се растопи. Се додаваат останатите состојки, а огнот се намалува на тивко. По 15 минути се трга и се процедува.
Се пие трипати дневно по една супена лажица, додека да се смири кашлицата. Сирупот се чува во фрижидер.
zdra da te zamola imam golem strav da se rece kako upla me e strava sama da sedam dali ke moze da mi pomognete da najdam nekoj lek da pijam za stres ,i za nervoza da mi kazes .pozzzz