Home / природен лек / Чудотворна билна ракија лекува настинки, аритмија, главоболка

Чудотворна билна ракија лекува настинки, аритмија, главоболка

Ракијата се користи при заболувања на дишните патишта, воспалени крајници, болно грло и кашлица. Ракијата помага и при ангина.

При температура се прават облоги за да може на болниот да се испоти и да ги исфрли токсините од организмот. Ракијата се користи и  при ревматизам, како  и болки во зглобовите.

184309-rakija-fonetЛековитиот пијалок помага при настинка, болки во стомакот, аритмија, главоболка и што ли уште не.

Лековитата ракија може да ја направи секој сам во домашни услови. Во рецептата се користат повеќе билки или лековити треви при што условот е тие да се стават во спиртниот раствор точно во времето кога цветаат или во сезоната на берба кога се најлековити.

Од сите билки се зема по еден грст и се додаваат во тегла од 3 литри каде претходно ќе додадете 1,5 л домашна ракија – средно јака. Од време на време содржината треба да се промешува со дрвена лажица.

А еве го и списокот на лековитите растенија кои влегуваат во составот на оваа рецепта:

Нане кога цвета, жолт кантарион – цвет, млади лозови листови, капина – млади листови, коприва – листови и семе, копар – листови и цвет, лешник – листови, магдонос – листови, цвет, сончогледова пита – 2 парчиња помали расцветани пити, слез – цвет, дрен – листови, слез – цвет, смоква – листови, јагода – листови, вишна – листови, орев – листови, костен – листови, босилек – листови и цвет, здравец – листови и бршлен – листови.

Откако во ракијата ќе се додаде и последната билка, смесата се меша добро и се остава да отстои 20 дена. После тоа содржината во теглата уште еднаш се меша и се цеди при што растенијата силно се стискаат со раце до последна капка. Растворот се чува во стерилни стаклени садови кои добро се затвараат.

Внатрешно се користи по 1 супена лажица 3 пати на ден, а надворешно се мачкаат болните места по потреба.

Рецепти за лекување со ракија

Болни крајници: Во 250мл домашна ракија се додаваат 125г мед. Смесата се загрева додека медот не се раствори, и се прави гаргара 3 пати дневно.

При настинка и болки во грлото:  Се нанесува ракија на крпа и се става  црн пипер. Крпата се обвива околу грлото и се покрива одозгора со волнен шал. Дозволете така да отстои преку ноќ.

Компресијата со ракија не се препорачува на бремените жени, доенчиња и мали деца. Освен тоа ако правите компресирање со ракија на градите, никогаш не ја ставајте врз срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top