Овој напиток ќе ви ја врати енергијата додека да трепнете.
Составот на овој напиток е богат, а подготовката лесна. Неговата можеби најголема тајна е ѓумбирот кој што го забрзува опоравувањето од настинка и грип, и ги отстранува болките во мускулите предизвикани од вежбање.
● 200мл бадемово млеко
● ½ банана
● ½ круша
● 200мл јогурт
● 1 лажица рендан свеж ѓумбир
● 1 лажица екстракт од ванила
Сите состојки ставете ги во блендери блендирајте една минута.