Free songs
Home / Болести и лечење / Обрнете внимание на 6 знаци – Болести кои во почетокот изгледаат како обична настинка

Обрнете внимание на 6 знаци – Болести кои во почетокот изгледаат како обична настинка

Многумина не бараат помош од лекар иако сериозно се разболуваат, бидејќи почетната состојба на болеста им почнува како обична настинка. Но, како да препознаете дали станува збор за обична настинка или некоја посериозна болест?

Обрнете внимание на шесте знаци:

nastinka grip temperaturaВисока температура. Ако сте возрасни и температурата надмине 38 степени, вашето тело најверојатно се бори со нешто потешко од настинка. Иако умерената температура може да му помогне на имунолошкиот систем да ги убие бактериите и вирусите, одењето на лекар е добра идеја бидејќи би можел да ја открие потенцијално опасната болест во нејзиниот зачеток.
Болест се повлекува па повторно се враќа. Ако се разболите, а потоа накратко закрепнете, па повторно се разболите можеби станува збор за „суперинфекција“ – посериозна секундарна инфекција која се јавува бидејќи имунитетот е ослабен поради првобитната блага болест. Како имунитетот повторно да се изморил, па се појавила можност за друга болест.
Потешки главоболки. Кога имате главоболката која е толку интензивна поради што предизвикува проблеми со концентрацијата треба да се обратите кај лекар. Можеби станува збор дури и за менингит.
Се чувствувате „прегазени“. Ако толку сте слаби така што ви претставува проблем и да станете – време е да посетите лекар. Некако одвлечете се до ординацијата. И грипот кој ве исцрпил лекарот може да го олесни.
Имате хронична состојба. Болните кои страдаат од дијабетес, хипотиреоидизам или имаат проблеми со бубрезите (или некоја друга хронична болест) треба да одат на лекар дури и ако имаат само симптоми на настинка. На тој начин ќе се спречат можните компликации.
Неправилно работење на срцето. Многу луѓе воопшто не размислуваат за повремени неправилности во работењето на срцето, но можеби сте дехидрирале или вирус го напаѓа срцевото ткиво. Белодробната емболија, односно крвното згрутчување кое влегува во белите дробови, може исто така да предизвика неправилно работење на срцето.
Бонус совет: Комуницирајте со својот лекар. Тој до точна дијагноза може полесно да дојде ако вие му дадете детален и искрен опис на проблемот. Погрижете се да го имате пописот на сите лекови кои ги земате, дури и оние кои не ги земате на рецепт.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top