Free songs
Home / Болести и лечење / Оваа болест може да ја имате со години а да не знаете

Оваа болест може да ја имате со години а да не знаете

Вирусот може да биде мирен во организмот и со децении, без никакви видливи физичи симптоми.Хепатит Ц вирус спаѓа во групата на инфективни болести и го напаѓа Црниот Дроб. Може да се пренесе и преку полов однос, иако е тоа малку веројатна опција. Болеста ја предизвикува HCV вирусот.

hepatitis cСтатистиките велат дека меѓу 150 и 200 милиона луѓе е заразено токму од Хепатит Ц вирус. (HCV)

Како се пренесува 

Вирусот се пренесува единствено преку крв. До контакт со инфицирана крв може да дојде на следниве начини


-Трансфузии на крв ( пред 1993г. )
-Употреба на нестерилни игли и шприцеви ( интравенски корисници на дрога )
-Тетовирање, пирсинг
-Употреба на прибор за лична хигиена на кој може да има исушена крв
-Хемодијализа
-Многубројни сексуални контакти без соодветна заштита ( промискуитет )

Симптоми

Во акутна фаза на болеста ( првите 6 месеци ) кај 60% до 70% од луѓето не постојат никакви симптоми. Кога ќе се појават првите симптоми не ретко се третираат како грип откако првично ќе се појават., најчесто како грип, со оглед на тоа дека симптомите на Хепатит Ц се многу слични на грипот. Доколку се појават тие се

– Намален апетит
– Исцрпеност
– Болка во стомакот
– Чешање
– Жолтица
– Блага грозница
– Темна урина

Хроничен хепатит Ц , клинички гледано , најчесто се открива случајно со оглед на тоа дека можно е да пројдат и години без никакви симптоми. Вообичаено значајни симтоми на хепатитис се појавуваат дури по позначајно отекување на црниот дроб. Покрај црниот дроб, вирусот хепатит Ц ги напаѓа и другите органи, така да другите симптми се

– Исцрпеност
– Значаен губиток на телесна тежина
– Симптоми на грип
– Болка во мускулите и зглобовите
– Повремена треска и благо зголемена температура и чешање
– Пореметување на спиењето
– Болка во стомакот
– Промена на апетитот
– Гадење , мачнина, одвратност
– Пролив
– Депресија, главоболка, промени на расположение

Со времето и црниот дроб се повеќе пати од воспаленија што ги оневозможува неговите функции. Доколку навремено не се лекува може да доведе и до рак на црниот дроб., фиброза, или цироза.

Лекување на Хепатит Ц

Не постои никаква вакцина против хепатит ц која може да спречи добивање на вирус Хепатит Ц, но постојат начини и мерки на внимание.

Природни/ народни лекови

1.Чај од руса трева

Стави вода да зоврие. 2 големи или 3-4 помали корени од Руса трева завиткајтње во крпа и со чекан изудирајте ги па ставете ги така во врелата вода. Мора да вријат на умерена температура, околу 15 минути. Потоа отстранете од топлина, и по 30 – 45 минути се прелива во шише.

Пијте го чајот голтка по голтка во текот на денот. исто така паралелно со чајот секое утро исчистете 2 корени од глуварче и изедете ги. 

Чајот се пие 1 месец па проверете крв. Ако сè уште имате вирус, повторете ја постапката

2. Лук и лимон за лекување на хепатитис

Сок од 2 глави лук се меша со сок од 2 лимона. Пијте 1 лажичка 2 часа по јадења.  третман за 1 месец. Третманот може да се повтори по 2-3 недели пауза, се до закрепнување.

3. боровинката како лек

Листовите од боровинката содржат хемиско соединение, кое го блокира ширењето на инфекцијата со вирусот на хепатитот Ц, откриле јапонските научници. Катаока и неговите колеги веруваат дека со локализирање на ХЦВ во црниот дроб може да го забави развојот на болеста за 20 години, а диеталните додатоци можат да помогнат ширењето на болеста да биде уште побавно ли потполно.

Научниците испитувале околу 300 различни земјоделски производи кои би можеле да го стопираат ширењето на HCV и откриле дека лекот се крие во листовите од боровинката „зајачко око“ која расте во југоисточните делови на САД.

Медицински новитети – тврдат дека пронашле лек за Хепатитис Ц 

Gilead Sciences Inc објавија дека пронашле 100% ефективен лек за хепатит Ц користејќи комбинација од одредени лекови кај одреден број пациенти.

Нивниот ривал, Abbott Laboratories Inc, во меѓувреме, изјави дека три од нивните орални лекови за хепатит Ц дале досега невидени резултати во голем број од пациентите на кои не им помогнал стандардниот третман, како и одлични резултати кај новозаболените пациенти.

Лекот GS-5885 потекнува од нова класа на лекови познати под името NS5A инхибитори, кои го спречуваат размножувањето на хепатитот. Инфекцијата била исчезната во рок од четири недели по завршувањето на терапијата кај сите пациенти.

Од Gilead изјавија дека пациентите генерално добро ја поднеле терапијата. Имало нус-појави кај еден пациент, но од компанијата гарантираат дека не се работи за проблеми кои ги предизвикал лекот.

Студиите велат дека фиксната доза во комбинација со или без рибавирин трае од 12 до 24 недели, а била тестирана на 800 пациенти, од кои 20% пројавиле знаци на цироза или оштетување на црниот дроб.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top