Home / Болести и лечење / Чешањето не е безопасно – ако се ве чеша еве од што може да боледувате

Чешањето не е безопасно – ако се ве чеша еве од што може да боледувате

Ве чеша целото тело, не престанувате да се чешате и мислите дека тоа е само моментален проблем. Но, секое чешање не е безопасно. Истражувањата на дерматолозите од Факултетот „Вејк Форест“ од Северна Каролина во САД, објавено во угледното научно списание „Те Ланцет“, велат дека чешањето на кожата може да биде сериозно. Покрај тоа, ги открија сите тајни на овие толку чести, но не безначајни симптоми. Јадежот може да биде прв знак на многу болести, а кожата е само попатна жртва. Кои се причините за оваа појава?

Анемија

cesanjeБледи сте веќе од првите утрински часови, а кожата постојано ве чеша. Можеби сте анемични: на организмот му недостига железо и не успева да ги синтетизира новите црвени крвни зрнца, и тоа предизвикува постојано чешање на кожата. Контролата на железото во крвта, големината и бројот на црвените крвни зрнца може да откријат евентуална анемија.

Диjабетес

И оваа метаболистичка болест, чија особина е неправилно искористување на шеќерот кој се таложи во крвта, може да предизвика чешање. Причината е непријатност во периферните нерви кои веќе не ги примаат пораките како што треба. Тогаш чешањето се јавува и при најмала дразба.

Полицитемиjа

Станува збор за болест на крвта со абнормално произведување на црвени крвни зрнца, кои можат да се развијат така што ќе создаваат мозолчиња. Симптомите се силно чешање, кое се јавува или се зголемува во допир со вода. Затоа оваа болест го менува нормалниот механизам на терморегулација, а топло и ладно се доживуваат на аномален начин. Освен тоа и белите крвни зрнца стануваат реактивни и лесно ги ослободуваат леукотрините, кои ја надразнуваат кожата и им отвораат пат на јадежите. Болеста обично се открива со лекарска контрола.

Болни бубрези и црн дроб

Знак на оваа болест може да бидат јадежи, раширени по целото тело и кои се постојани. Некои контроли на крвта можат да ја откријат слабата функционалност на овие органи.

ХоЧкинов лимфом

Овој тумор во крвта често се открива благодарејќи на чешањето што е присутно преку целиот ден, но најсилно е во текот на ноќта, придружено со обилно потење. Најдобро е што побрзо да се јавите на лекар бидејќи овој тумор може успешно да се излечи.

Зошто се Чешаме?

Чешањето е непосредно врзано со нервниот состав, кој, извонредно брзо регистрира што се случува со кожата и ги тера рацете да интервенираат на истото место со благо и енергично чешање. Чувството на чешање го предизвикуваат нервните влакна, сместени меѓу кожните клетки. Со кое било надразнување тие го известуваат мозокот. Оттаму е и оваа брза реакција, и едноставно не можеме а да не се почешаме.

Благи тегоби

Повременото чешање се јавува поради прекумерното потење, солената морска вода, ветрот, но може да биде последица од уживањето во морските плодови, или од јагодите. Таквите проблеми лесно се решаваат: доволно е да се измие потта или солта, избегнувајте сапуни и пени за туширање за кожата да не се исуши дополнително, измасирајте го целото тело со крем за смирување, за да се создаде масно-влажен слој кој ќе ја штити кожата, користете сапун со ПХ 3 или 5,5, кој на кожата ќе и’ даде киселост. Доколку чешањето не престане, може да го ублажите со антихистаминска таблета или кортизонски крем (смее да се користи само кратко време), а потоа не смеете да излегувате на сонце, бидејќи може да предизвикате алергиска реакција.

Козметика

Парфеми, креми за сончање, шминка… Доколку кожата не поднесува некои од овие производи, често може да се јави чешање придружено со црвенило. За тоа се виновни цветните екстракти, кои се составен дел од парфемите, кремите за сончање, некои конзерванси од шминките и сапуните. Ако кожата е чувствителна на нивното дејствување, лекот е еден, не користете ги и дозволете и’ на кожата да дише.

Психа

Расправија со партнерот, проблеми на работа… ништо необично, реагира ли кожата на бурен начин бидејќи телото и психата се непосредно поврзани, па некои внатрешни проблеми може да се изразат низ телесни тегоби.

Според психосоматската медицина, јадежот има и симболично значење: низ него психата праќа драгоцена порака „не можам да ја издржам ситуацијата која ја преживувам“. Се јавува и чешање по расправија со партнерот, а тоа значи дека несвесно сакате да пронајдете алиби за да избегнете посебен контакт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top