Home / природен лек / Бела Имела – помага и против ракот

Бела Имела – помага и против ракот

Во новите клинички испитувања спроведени во Србија на 220 пациенти, покажало дека екстрактот од бела имела двојно го зголемува времето на преживување на пациентите заболени од рак на панкреасот. Резултатите се добиени кај пациенти кои имаат напредна форма на рак на панкреас кој метастазирал.

belaimela1Германската регулаторна агенција и предходно ги одобрила инекциите во кои се наоѓа екстракт од бела имела, кои се земаат како терапија против малигни тумори, терапија за ублажување на симптомите, но не и против самата болест.

Пациентите вклучени во истражувањето примале три инекции од екстрактот на бела имела неделно 0,01 мг до 10 мг преку 22 дози. Одржувањето во живот било зголемено и повеќе од двојно и тоа од 3,2 месеца пред терапија па до 6,6 месеци по земање на терапијата од инекции со екстракт од имела. Во групата која примала инекции со екстракт од имела забележани се нус појави кај 16 пациенти( при тоа лекарите тврдат дека имелата не е причина за тоа) додека пак кај групата која не примала вакви инекции дошло до 53 случаеви со нус појави од лекувањето.

Белата имела веќе некое време се користи при лекување на повеќе видови на рак. Ова не е прв пат таа да се покажала како полезна при лекување на ракот и тоа низ некое клиничко испитување. Позитивните резултати, упатените ги искористиле кај лекување на ракот кај градите, матката, дебело црево, јајниците, желудникот, бели дробови, како и меланоми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top