Free songs
Home / бабини рецепти / Бабини деветини кои се научно докажани за вистинити

Бабини деветини кои се научно докажани за вистинити

Научните истражувања покажуваат дека дел од народните верувања и мудростите на нашите баби и дедовци се вистинити.

Долго породување веројатно значи дека раѓате момче

babaПовеќето митови за бременоста и породувањето се потполна бесмислица и потполно е невозможно да знаете дали носите девојче или момче  само на основа на тоа како ви изгледа стомакот. Сепак, едно верување  ги потврдило истражувањата, а тоа е доколку имете тешко породување, се поверојатено е дека ќе родите машко дете. Студијата која е спроведена на 8000 родилки потврдила дека машките деца се раѓаат со нешто поголема глава од девојчињата, што може да го отежне породувањето.

Топлите купки ја оштетуваат спермата

Топлина во комбинација со сперма навистина не е добра идеја, а тоа го потврдило истражувањето спроведено во 2007 година на универзитетот во Калифорнија. Мажите на кои спермата им била тестирана откако поминале 30 минути во топла купка имале многу лоши резултати, а одрекувањето од топла вода ја подобрило репродукцијата на сперматозуидите. И затоа доколку планирате принова држете се што подалеку од топлиот туш.

Морковот навистина го подобрува видот

baba znaeКолку пати додека сте биле мали ви кажале да јадете повеќе моркови за подобро да гледате? Требало да слушате, бидејќи морковот навистина има врска со видот. Морковот содржи бета каротен кој ја потпомага продукцијата на витамин А, клучната состојка за здрав и функционален вид. Покрај тоа витаминот А го намалува ризикот од  појава на катаракта и го подобрува ноќниот вид.

Помрсните риби навистина се храна за мозокот

Врската помеѓу омега-3 масните киселини и мрсните риби навистина постои и е добро позната. Масните киселини кои се наоѓаат  во рибата докажано ја подобруваат кондуктивноста помеѓу  мозочните ќелии и на тој начин ја подобруваат фукцијата на мозокот. Едно истражување дури покажало дека со редовна конзумација на риба, мозокот расте.

Сирењето може да предизвика чудни соништа

babini-sveti-zdravje-04За тоа дека конзумирањето на сирење или млечни производи пред спиење може да предизвика чудни соништа  долго време се верувало дека е најобичен мит, но една студија објавена во Велика Британија вели поинаку. Тие тестирале 200 испитаници  кои пред спиење јаделе различни видови сирење, и повеќето од нив потврдиле дека имале многу чудни соништа.

Киселини за време на бременост е знак дека детето има многу коса

Ова мора да сте го слушнале, дури и доколку се уште немате деца, бидеји скоро да не постои постара жена која во тоа не верува. Овој мит го потврдиле и докторите од Хопкинс болницата во Балтимор. Тие спровеле истражување за во потполност да го  побијат ова верување, но откриле нешто сосема спротивно. Тие самите биле изненадени со резултатот  кој вели дека зголеменото ниво на хормон кој предизвикува киселини  всушност кај бебето предизвикува раст на коса.

Медот ја ублажува кашлицата

Сега и науката стои зад верувањето дека ќе ја  ублажите силната кашлица доколку во топол чај додадете малку мед и лимон. Истражувањата дури покажале дека децата со силна кашлица подобро реагираат доколку им се даде лажичка мед, отколку  ако испијат стандарден сируп против кашлање. Причина за тоа е што медот има антибактериски своиства и го разградува шлајмот кој се создава во инфицираното подрачје. Медот со векови  се користел за ублажување на инфекци и зацелување на рани.

Kurir.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top