Free songs
Home / бабини рецепти / Бабин рецепт за симнување на висока температура

Бабин рецепт за симнување на висока температура

40_19_09_2013_15_45_24_76929Се подготвува со диви краставички (Ecballium elaterium). Оваа билка расте по напуштени предели, а во некои земји е  култивирана и се одгледува како украсно растение. Целото растение, а особено неговиот плод е отровно поради цитотоксичната состојка cucurbitacins а која растението ја содржи како одбрана од тревопасните животни. Во Турција свежо исцедениот сок од плодот се користи за лекување на синуси.

ЛЕК ЗА МАЧКАЊЕ ПРИ НАСТИНКИ

Состојки:

20 диви краставички

2 табли аналгин

1,5 л домашна ракија

1 кутија ментол кристали од аптека (10 грама)

Сите состојки се ставаат во поголемо шише или сад кој добро се затвора. Се остава на собна температура, да не биде изложено на сонце, па неколку пати се промешува со протресување на шишето. По изминати 40 дена состојките се целосно растопени, со можен талог од краставичките и е спремен за користење. Не е задолжително да се процедува.

Се мачка надворешно на кожата без триење! По мачкањето задолжително треба убаво да се измијат рацете. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Лекот може да се користи и за мачкање на уморни нозе и воспалени мускули.

Магдалена Спасовска за НМД.мк

Share Button

One comment

  1. zdravo me interesira kade mozam da gi najdam divite krastavicki i vo koe vreme od godinata blagodaram i pozz

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top