Free songs
Home / сведоштва / Видео: Докторка била мртва 3 дена – видела рај, пекол, таткото, бабата – се разбудила во мртовечница

Видео: Докторка била мртва 3 дена – видела рај, пекол, таткото, бабата – се разбудила во мртовечница

Третиот ден откако Украинката др Татјана Анисимова Бјелоус (65), мајка на пет деца, починала во операциона сала во болница во Одеса, нејзиното семејство дошло по телото. Поминале 72 часа и веќе се прашувале зошто никој не ги повика.

– Телото не е овде. Татјана оживеа, им рекле лекарите. Нејзината мајка ги погледнала не верувајќи во тоа што и го кажуваат.

– Вие се шегувате. Како мртовец по три дена може да оживее? – ги прашала таа.

Единствено сопругот на Татјана, Вечеслав упорно повторувал да не договараат погреб, бидејќи неговата жена ќе се врати. Тоа му го кажал Господ. Не му верувале во тоа, па му рекле дека полудел.

Се разбудила во мртовечница 

Belous-1Татјана поради рак на мозокот во 1991. година завршила на операција и по три дена се разбудила во мртовечница. Претходно нејзината душа отишла во рајот, чистилиштето и пеколот.

– Откако ги видов пеколот и рајот и стоев на подножјето на Божјиот престол влетав во своето тело со голема болка. И тогаш ја видов собата, плочките на ѕидовите и жена во бел мантил. Жената се шокира кога ме виде, вели Татјана.

Почна да вика, ја прашав а што викаш ти кога мене се ме боли – истрча од собата како попарена

Стидентите по медицина веќе почнале да го сецираат нејзиното тело

Погледнала во своите нозе и на една видела картичка со број, а на другата напишано име, презиме и датумот на смртта. Потоа погледнала во расечениот стомак. Чудно, помислила таа. Но не било чудно. Таа уште како лекарка одлучила, по смртта своето тело да го остави на студентите за проучување и тие се подготвувале да ја сецираат.

Набрзо во мртовечницата влегол хирург, нејзиниот бивши професор од факултет.

news_112180

– Не! Не! Тоа не е можно! Ти си мртва, рече тој, а Татјана се покрила и рекла дека сепак е жива

Таа го опишала патувањето низ рајот и пеколот. Се почнало во операционата сала. Стоела покрај масата и гледала како ја оживуваат. Му викала на хирургот дека не сака да ја спаси но тој не ја слушал. Тргнала низ болничкиот ходник. На неговиот крај го видела сопругот како се моли за нејзиното здравје. Се обидела да му каже дека е добро и да не се грижи, но тој не слушнал.

– Во еден момен се најдов во тунел кој беше ладен, темен и влажен и се чуствував како да одам низ мочуриште, но на крајот видов светлина. Во неа се наѕираше лик на човек во бело кој леташе. Помислив дека е Исус. Кога дојдов пред него паднав на колена, а тој ми рече „Стани, пред мене не смееш да клекнуваш, јас сум ангел, ме испрати Бог“, раскажува Татјана.

Тој не знаел зошто Бог, баш неа ја избрал, а потоа и ги покажал рајот и пеколот и и’ дал задача да сведочи во негово име.

Бог и покажал како небото се отвара. Ја видела земјата и јасно ги видела сите луѓе на неа. Повеќето биле грди – прашала зошто – и кажале дека сега ги гледа нивните срца а не само нивното лице.

l_ee09ca16Потоа влегла во рајот. Газела по росна трева и видела едно младо момче кој и рекол ,,мамо,, тоа бил нејзиниот син кој починал на 10 месечна возраст, потоа видела човек на околу 30 години – тоа бил нејзиниот татко, го препознала. и рекол што бараш ти тука не ти е време. сакав да ги гушнам но ангелот не ми даде. Потоа ме одведоа пред сјајниот престол на бог – клекнав пред него – сакав да го видам неговото лице но не успеав.

Ме праша што сум сторила за него, реков дека сум се молела. тогаш се отвори една книга. се видов себе како ја читам библијата но селективно и само тоа што мене ме интересира, а и не размислував за тоа што читам туку што ќе правам за ручек, за проблеми на работа, за што обврски ме чекаат. почнав да плачам и да барам прошка, а тој ми рече не мораш да бараш прошка твоите гревови се простени преку Исус. И ја видов голгота – и јас стојам таму. Потоа ми рече дека ќе ме врати на земјата да им кажам на луѓето што сум видела, но претходно да го видам пеколот.

tatjana2Неверојатен мирис на изгорено месо, без вода чуствував како ми пука кожата, првото чистилиште – чекаат судење гледаат кон рајот а не можат да влезат во него. Потоа ја видов својата баба – беше во агонија. Се зачудив зошто таа беше побожна, одеше редовно во црква – и до ден денес не дознав што сторила за да заслужи пекол. Постои и место каде што се абортираните бебиња – викаат ,, не ме убивај сакам да живеам – ќе те сакам мамо,, тие ќе влезат во рајот ако нивните мајки се покајат на земјата – а ако не чекаат како сведоци за стореното од нивните родители.

Откако видела што Бог сакал да и покаже, ангелот лесно ја турнал и таа се вратила во своето тело.

Не знам зошто ме одбрал мене, ниту одев редовно во црква, ги учев децата да се плашат од бог поради религијата и традицијата, но не ги учев да го сакаат, сум била и лоша, сум ги тепала децата понекогаш, сум се карала со колеги, била стрвна и сакав повеќе за себе – навистина не знам зошто мене ме одбра, сведочи Татјана.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top