Free songs
Home / природен лек / Ако се прејадовте за празниците, ова е решението

Ако се прејадовте за празниците, ова е решението

Слатки колачи, калорични специјалитети, печено месо,  разни салати со мајонез и павлака, жестоки пијалаци, лакомоста  и неодмереноста во консумирањето ваква храна за време на Новогодишните празници може многу да го оптоварат организмот .

Тие илјадници калории не може да се сварат толку лесно. Надуеност, мачнини, создавање киселини и силни болки се чести појави кај луѓето за празниците.

hranaНо, не паничете премногу, бидејќи можете да си помогнете со овие видови храна…

Вино. Антиоксидантите од виното можат да го намалат негативното влијание на слободните радикали на кардиоваскуларниот систем, па и откако во телото сте внесле големи количини калорична и мрсна храна. Една чаша по оброкот сосема е во ред, но запаметете дека во умереноста е клучот.

Еспресо. Ако сте претерале со алкохол, завршете го оброкот со едно кратко еспресо кое ќе ви помогне да го забрзате разградувањето на храната.

Оцет. Лажица оцет со некое јадење може да го ублажи наглото растење на шеќер поради храната богата со јаглехидрати. Наглото зголемување на концентрацијата на шеќер во крвта предизвикува нагло опаѓање што повторно влијае на отворање на апетитот.

Овошје. Оброкот можете да го завршите и со овошје или со овошна салата. Антиоксидантите од зрнестото овошје, грозјето или кивито ќе го намали нивото на слободните радикали кои се ослободуваат по јадењето. Многу стручњаци не го препорачуваат овошјето по јадење.

Сок од портокал. Флавоноидите и антиоксидантите со кои е богат сокот од портокал го ублажуваат штетното дејство на мрсната и калорична храна на срцето.

Зачини. Освен што го збогатуваат секој оброк поедини зачини помагаат и за подобро варење, но можат да ги ублажат и негативните ефекти на прејадувањето. Испитаниците кои јаделе храна збогатена со две мали лажички мешавина од рузмарин, цимет, куркума, црн пипер, каранфилче, лук и пиперка имале помала концентрација на триглицериди и инсулин во крвта, за разлика кога консумирале иста мрсна и калорична храна, но незачинета храна. Се смета дека зачините ја забавуваат апсорпцијата на мастите, антиоксидантите „ги убиваат“ слободните радикали кои организмот ги произведува во голема мерка кога се прејадуваме.

Алкохол и масти
Алкохолот и големо количество на мастите предизвикуваат пораснување на маснотиите во крвта. Црниот дроб почнува отежнато да функционира, протокот на крв се успорува, страдаат крвните садови, расте крвниот притисок, срцето е загрозено, а не се ретки ни луѓето кои по празничните гозби бараат лекарска помош. Масната зачинета храна, слатките и алкохолот дури и кај здравите луѓе понекогаш предизвикуваат и несоница, главоболка и тешко варење. Лекарите им советуваат на сите особено на хроничните болни, умереност и воздржување од продуктите кои би им ги влошиле тегобите.

Најдобар лек против прејадување е умереноста. Јадете и почестете се, но имајте на ум дека  ќе јадете и утре. Избегнувајте претерано лути и зачинети продукти и алкохол. Обидете се да јадете полека и да не голтате додека јадетет. Докторите предупредуваат дека изгладнувањето пред прославите кога обично во текот на целиот ден не се јаде ништо, а потоа обилно се јаде, може да им штети на луѓето.

Кисела вода и цитруси
Ако ви се случи да претерате стручњаците советуваат како прва помош да испиете чаша кисела вода, да изедете портокал или да исцедите некој лимон. Доколку јадете обилен и нездрав оброк, дополнете го со овошје. Со внесувањето на антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето како што се грозјето, кивито и вишните, ќе го намалите бројот на слободни радикали. Внесувањето на високо калорична храна, без зеленчук и овошје кои може да содражт антиоксиданти, може да има штетни последици. Ако сте повикани на вечера која се служи на маса јадете овошје пред пладне и задолжително изедете некој лесен оброк за ручек. Ако присуствувате на шведска маса за да го контролирате сопствениот апетит, првин јадете свежи и кисели салати, најдобро е кисела зелка а избегнувајте ги салатите со мајонез и павлака.

Прошетки и чај
По празничната трпеза би било добро барем малку да прошетате на чист воздух. Кај мачнините од претераниот оброк добро е да испиете чај од камилица, нане, чај со ким. Потрудете се другиот ден да јадете блага супа од зеленчук, салата, особено салата од зелка.

Кисела чорба

Стра рецепт за ублажување на тегобите од прејадување е киселата чорба. Исцедете лимон во чорбата, испијте малку расолница или јадете чорба од кисела зелка. Испијте една лимонада бидејќи лимонот има добра киселина која му помага на варењето. Неколку дена јадете умерено лесна храна.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top