Home / бабини рецепти / Домашна крема против брчки од мед: Гркинките ја користат веќе 2.000 години!

Домашна крема против брчки од мед: Гркинките ја користат веќе 2.000 години!

Направете сами ефикасна крема од природни состојки, по грчки рецепт стар дури 2.000 години.

Дефинитивно не е неопходно да трошите огромна сума на пари и да купувате скапи препарати за нега на вашата кожа. Ние ви предлагаме сами да направите ефикасна крема од природни состојки, по грчки рецепт кој е стар веќе 2.000 години.krem lice

За овој рецепт ви е потребна една лажица органски мед, 8 лажици рендан пчелин восок, 200 милилитра бадемово масло и половина шолја розова вода (хидросолскиот дел од прочистената течност од ливчиња од рози).

Постапката на изработка е така што на многу тивок оган ќе го растопите медот, восокот и бадемовото масло. Кога сето ова добро ќе се стопи и соедини, тргнете ја смесата од тивкиот оган и оставете ја да се разлади, но не во потполност.

Водата од роза додадете ја на топлата смеса и тоа капка по капка, додека во меѓувреме константно промешувате.

Кога смесата е потполно соединета, сипете ја во стаклени садови кои ќе ги затворите дури откако препаратот ќе се олади во потполност.

Овој препарат може да го користите за отстранување на шминката или како крема против појава на брчки и измазнување на веќе постоечките знаци на стареење.

karmin.tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top