Една од најпознатите билки со антибиотско и антивирусно делување е ехинацеата. Оваа билка потекнува од Северна Америка и има повеќе видови, меѓу кои најделотворни се Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallid.
Билката содржи етерични масла, цинарин, алкиламид, фенол, апигенин, ехинокозис, полисахарид, борнеол, ехинацин, ресин, лутеолин, поиацетилин, кверцетин, кавен, инулин, витамин Ц, бакар, железо, јод, калиум.
Денес најмногу се употребува за зајакнување на имунитетот, ги зголемува лимфоцитите (белите крвни зрнца) и макрофагите (клетките кои настануваат од моноцити, а имаат цитотоксична или фагоцитна способност).
Лабораториските истражувања покажуваат дека билката се употребува при абнормален раст на клетките – односно го спречува развивањето на тумор, леукемија и рак.
Сепак, оваа билка не се препорачува кај автоимуните болести, склерозата и сидата. Западната медицина ја употребува при болести поврзани со дишните патишта, уринарниот систем, кожни болести, болки во уво, грип, инфекции и воспаленија, карцином, рани, тумор, убод од инсекти, замор, забоболка, како и регенерација на клетките, односно за прочистување на крвта.