Истражувањето спроведено по орално конзумирање на мелен цимет, во крвта и во мозокот на глувците се зголемува нивото на натриум бензонат кој го запира губењето на протеинот Паркин и ДЈ-1, чие ниво во мозокот се намалува кај заболени, ги штити невроните, го урамнотежува нивото на неуротрансмитер и ги подобрува моторните функции.
Авторите на истражувањето заклучуваат дека циметот би можел да биде еден од најсигурните пристапи во запирањето на развојот на Паркинсонова болест, но тие сознанија мора прво да се испитаат во клинички студии, кои во контролирани услови би го истражиле влијанието на мелен цимет на пациенти кои страдаат од Паркинсонова болест.
Паркинсоновата болест е хронично и прогресивно пореметување на движењето кај кое доаѓа до пречки во работата и смрт на нервните клетки.
Новото истражување врз глувци покажало дека циметот би можел да помогне во зачувување на нервните клетки кај заболени од оваа сериозна невролошка болест.