Ова е уште еден рецепт од низата кои традиционално се користат и се пренесуваат од колено на колено за зајакнување на кардиоваскуларниот систем.
За овој лек потребни ви се:
– три лимони
– мед
– половина литар вотка
– каранфилче
Првин сомелете ги лимоните во специјална машина заедно со лушпата. Потоа додадете ги каранфилчињата кои претходно сте си сомлеле во прав, па ставете 100 г мед и половина литар вотка.
Сето тоа помешајте го добро и ставете го голема тегла. Добро затворете ја и оставете ја мешавината да стои десет дена. Потоа процедете го пијалакот и додадете му вода. Додадете толку вода за да добиете три литри течност. Пијте по три големи лажици пред секое јадење од овој пијалак. Резултати ќе ги забележите по еден месец.