Одличен рецепт за груби раце, испукани пети, нокти, жуљеви…
Проверен е и делотворен.
Потребни ви се само две состојки: аптекарски глицерин (глицерол) и медицински алкохол 72%.
глицерин и 72% алкохол – помешајте во пропорција 1:1.
Втријте ја оваа мешавина на грубата кожа, нозете, петите и сите критични места, наутро и навечер.
После неколку дена, ќе видите фантастични резултати. Вашите пети ќе добијат розова боја, ќе станат нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај. Оваа смеса можете да ја користите и за лактите.