Home / бабини рецепти / Маст против псоријаза

Маст против псоријаза

Псоријазата е често среќавана болест која предизвикува разни непријатности на луѓето кои ја имаат, па затоа решивме да споделиме со вас еден ефикасен лек за кој веќе имаме добри препораки од луѓе кои го користеле и кои се задоволни од резултатите.

neven mastВо литарско шише со широко грло се полни со цвет од кантарион. Се додава и ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева.

Во шишето потоа се додава маслиново, пченично или сончогледово масло. Шишето добро се затвора и се остава на сончево место каде што треба да стои три недели.

Кога маслото ќе стане црвено, се прецедува низ газа.

Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша.

Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден.

Маслото може да се употребува и кај други кожни болести: екцеми, лишаи, сува кожа, красти, изгореници. Раните треба да се мијат со чај од камилица или коњско опавче.

Секој втор ден се чисти кожата со вода во која претходно е варена дабова кора, 3 до 4 лажици коњско опавче и 3 лажици трева од срценица. Оваа мешавина се вари во 1 литар вода 10 минути. Со изладената течност се чисти кожата, се суши и се премачкува со подготвеното масло.

Ако имате псоријаза на коренот, постапката е иста.

Бидејќи кај псоријазата е многу важна исхраната, се препорачува да не се јадат компири, бел грав, овесни снегулки, шеќер, теста, свинска маст, банани, круши, алкохол, кафе и да се остават цигарите.

За капење е препорачлива бања од сено. Се зема 1 килограм сено, се става во платнена кеса и во поголем сад се вари 20 минути. Се’ заедно потоа се става во кадата, се додава чиста млака вода, така што да биде покриено целото тело. За да не се излади премногу брзо водата, преку кадата се префрлува некоја пластична прекривка.

Во кадата можете да останете 20 минути, а потоа благо да се истуширате со млака вода и да се избришете со тапкање.

Ако ве чеша кожата, намачкајте се со маслото.

Бањата се подготвува двапати неделно. Се повторува додека да исчезне болеста.

Кај псоријазата е корисно и капење во водата каде што е варена овесна слама. Бањата се прави на истиот начин како и претходната. Можете наизменично да ја употребувате прво едната, а потоа втората.

Ако се потребни облози, се употребува корен од гавез, листови од жалфија и листови од лепилка. Ако на кожата има стари рани кои тешко заздравуваат, за миење се користи чај од цветови од невен, троскот, здравец, камилица и коњско опавче.

popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top