Бананите содржат три природни шеќери кои во комбинација со влакна го снабдуваат организмот со енергија.
Богати се со протеини кои организмот ги претвора во серотонин кој е заслужен за опуштање и добро расположение.
Витаминот Б6 го регулира нивото на глукоза во крвта, и помага за ублажување на симптомите на ПМС.
Бананите исто така се богати со железо кои го стимулираат производството на хемоглобин во крвта, и така спречуваат појава на анемија.
Витаминот Б12 и магнезиумот помагаат во заздравување на организмот од штетните ефекти на никотинот, така што бананите се одлична храна ако се обидувате да престанете со пушење.
Калиумот е минерал кој помага за правилна работа на срцето, испраќа кислород до мозокот, и ја регулира рамнотежата на вода во организмот.
Списанието „The New England Journal of Medicine“ објави студија во која е заклучено дека секојдневното конзумирање банани во исхраната го намалува ризикот од срцев удар за 40 отсто.