Home / аларм / Јаболката, јагодите и грозјето “напумпани” со пестициди

Јаболката, јагодите и грозјето “напумпани” со пестициди

Јаболката, јагодите, грозјето, целерот, праските, спанаќот, пиперките, краставиците, шери доматите, компирите, нектарините и грашокот се најзагадените намирници со пестициди, покажува најновата листа на американската непрофитна организација Работна група за животна средина” (ЕWG).

ovosjeОд анализираните 48 производи, 67 отсто и по миењето содржеле пестициди. Сепак, според ЕWG, ова не значи дека треба да се исклучат од исхраната зашто бенефитот од нив далеку го надминува ризикот од влијанието на пестицидите.
– Со години не убедуваа дека во пестицидите нема ништо лошо се додека некои од нив не беа забранети, вели Соња Ландер од ЕWG.

Како што стои во извештајот на ЕWG, сите тестирани нектарини и 99 проценти од јаболката биле позитивни на барем една пестицидна резидуа, само еден примерок од грозјето содржело 15 пестициди, додека целерот, шери доматите, раниот грашок и јагодите имале по 13 различни пестициди.

Годинава истражувањата опфатиле и ниво на пестициди во лиснатиот зеленчук како кељот и раштанот, и кај лутите пиперчиња. Откриено е дека некои од нив содржат остатоци од органофосфатни и карбаматни инсектициди кои, според експертите, се исклучително токсични.
Позитивно во годинашната анализа на ЕWG е што само еден процент од авокадото има пестициди. На листата Чисти 15″ само 5,5 отсто содржат два или повеќе пестициди, а ниту еден нема повеќе од четири.

Како што велат експертите, за отстранување на пестицидите е доволно намирниците да се измијат со ладна вода.

Истражувањата покажуваат дека пестицидите предизвикуваат проблеми кај децата, нарушувања на ендокриниот систем, ендометриоза, Алцхајмерова и Паркинсова болест. Голем дел се и канцерогени.

Најновите истражувања на Европската агенција за безбедност на храната спроведени во 27 земји-членки на ЕУ, од анализирани 77.000 примероци и 500 различни видови храна, покажуваат дека 1,6 отсто од вкупниот број се пронајдени повеќе од максимално дозволените концентрации пестицидни остатоци. Најзагадени” биле житарките, посебно овесот, и зелената салата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top