Природно, лесно и докажано работи! Да ја задржите вашата кожа мека и да изгледа свежо, треба само две состојки.
Рецепт за маска од белка од јајце и лимон по која вашата кожа ќе изгледа подобро од било кога, и ќе биде мека и нежна.
Изматете ги белките пенасто па додајте малку сок од лимон. Маската треба да биде доволно густа за да се нанаесе убаво на лицето. Препорачливо е лицето кратко да го испарите пред нанаедување за да се отворат порите, а со тоа обезбедува хранливите материи од маската да навлезат подлабоко во кожата.
Оставете 15-20 минути и исплакнете со млака вода. Не чекајте маската да се исуши, бидејќи потоа ќе биде многу потешко да се отстрани