За успешно лекување но и за спречување на парадентозата, направете ја следната тинктура:
1 литар комова ракија
50 г рендан, свеж рен
20 г иситнето семе од Сладок анасон
20 г ситно исечкано нане
Сите состојки добро измешајте ги па затворете ги во стаклена тегла и оставете да отстои на сонце или на топло место 3 месеци. Двапати неделно во текот на трите месеци треба редовно да се промешува.
Кога тинктурата ќе биде готова, процедете ја и редовно премачкувајте со натопен памук на забното месо.
Слободанка Величкова – Гевгелија