Главно се појавуваат кај пушачите, но цигарите не се секогаш главната причина за тоа. Жолти заби може да се појават и како резултат на преголема консумација на шеќер, кафе или црн чај.
Сепак и за овој проблем постои решение. Сè што ви е потребно е косоково масло и сода бикарбона. Покрај многуте други благодети кои ова масло ги има за нашето здравје тука е и неговата употреба како избелувач на забите.
Направете смеса од кокосово масло и сода бикарбона во сооднос 1:1 (да речеме 5 лажички кокосово масло и 5 лажички сода бикарбона), добро измешајте ја и ставете ја во тегла.
Сè што треба да наравите е да ја замените вашата паста за заби со оваа природна паста, а резултатите нема да изостанат.