Free songs
Home / Болести и лечење / СТОП за рчењето по природен пат

СТОП за рчењето по природен пат

Рчењето се појавува кога опуштените структури во грлото започнуваат да вибрираат и да произведуваат звук. Честопати рчењето се смета за нарушено спиење, а пак тешкото рчење може да биде знак за сериозни здравствени последици.

Доколку имате ваков вид на проблем, време е да му ставите крај и тоа по природен пат.

rcenjeНа пазарот постојат илјадници препарати кои ветуваат дека ќе престанете со рчењето, но истите се со сомнителен квалитет, а зар има нешто подобро од природното?

1. Нане

Нането го смалува отокот на слузокожата од грлото и носот и овозможува лесно дишење. Во 1 чаша вода додајте 2,3 капки есенцијално масло од нане и измијте го грлото пред спиење. Во ниеден случај не пијте од оваа вода. Процедурата повторувате ја секојдневно, додека не забележите дека ситуацијата ви е подобрена.

2. Маслиново масло

Ги опушта ткивата кои се наоѓаат околу дишните патишта и го смалува отокот, создавајќи пат за воздухот. Маслиновото масло може да ја ублажи и болката, но мора да го користите редовно за да ги намалите вибрациите во грлото и да го спречите рчењето. Испијте 2 до 3 голтки маслиново масло пред спиење или направете ја следнава комбинација: половина кафена лажичка мед со неколку капки маслиново масло пред спиење.

kardamon3. Кардамон

Или кај нас познат под името Какуле. Одличен лек за искашлување и прва помош при тешкотии во дишењето. Користете го на следниот начин: во еднаш чаша ставете топла вода и додајте половина кафена лажичка кардамон во прав. Од добиената смеса напијте се половина час пред спиење. Правете го лекот секојдневно за постепено да се ослободите од рчењето.

4. Коприва

Доколку рчите само во одредено доба од годината, тогаш тешкотиите можеби ви се предизвикани од алергии. Оваа врста на привремено рчење може да се лечи со помош на копривата, која успешно се бори со воспаленија. Во 250 милилитри зовриена вода додајте една супена лажичка сушена коприва. После 5 минути добиениот чај процедете го и испијте го пред да заспиете. Исто така, овој чај можете да го консумирате 2 до 3 пати дневно во сезоната на алергии.

kurkuma (2)5. Куркума

Заради своите силни антисептични и антибиотички својства, куркумата може да лекува воспаленија и помага при намалување на рчењето. Требате да ја користите во комбинација со млеко. Овој лек не само што ќе ви овозможи олеснето да дишете во текот на ноќта, туку и ќе го зајакне вашиот имунитет. Додајте две кафени лажички куркума во прав, во една чаша топло млеко и испијте го пред да спиете. Процесот повторувајте го секојдневно.

6. Лук

Лукот е одличен сојузник во борбата против инфекции во респираторниот систем. Доколку рчите заради синусите, тогаш лукот ќе ви биде од голема помош. Пред спиење изџвакајте едно или две чешњина лук и испијте една чаша вода.

7. Мед

Медот е уште една опција која може да ви помогне за да се ослободите од рчењето. Медот го смалува отокот во пределот на грлото и го спречува настанувањето на вибрации. Помешајте една кафена лажичка мед во една чаша топла вода и пијте секојдневно, пред спиење.

kamilica-caj-1328585176-1200098. Камилица

Чајот од камилица ги опушта подрачјата во грлото заради кои се создава рчењето и ви овозможува подобар сон. Направете си една чаша чај пред спиење и практикувајте да го пиете секојдневно.

Врз рчењето може да влијаат и овие работи:

  • Прекумерна телесна тежина. Луѓето кои имаат вишок килограми имаат и вишок ткива во грлото често имаат проблем со рчењето.
  • Спиење на грб. Препорачливо е да спиете на страна, бидејќи кога заспивате на грб вашиот јазик ги блокира дишните патишта.
  • Алкохол. Избегнувајте големини количина на алкохол барем 2 часа пред спиење.
  • Пушење. Оваа навика може да ја иритира слузокожата во носот и грлото, да предизвика отечување и на крајот, секако рчење.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top