Home / бабини рецепти / 10 рецепти за болна простата

10 рецепти за болна простата

1.Исечкајте и помешајте 100 грама свеж корен од целер, 20 грама излупени семки од тиква, додајте во смесата сок од 1 лимон и 1 лажиче маслиново масло. Се добро измешајте и земајте по 1 супена лажица од оваа смеса навечер пред спиење. Оваа смеса ја подобрува состојбата на простатата.

maz lekar12. Јадете навечер (од 17 до 19 часот), семки од сончоглед и бадеми, бидејќи помагаат во лекувањето на болната простата.

3. Земете секојдневно по 5 јајца од препелица во терминот од 17 до 19 часот, во текот на 15 дена.

4. Пијте масло од тиква трипати дневно по 1 децилитар, во текот на еден месец.

5. За лекување аденом на простата прелијте 1 лажица суви лисја или мелена кора од леска. Нека остане поклопено додека не се излади. Пијте по 2 лажици од овој чај неколкупати дневно.

6. Наместо чај, вода и други пијалаци пијте чај од игличките на четинарот туја. Во неоштетен емајлиран сад ставете 1 литар вода и додајте 30 грама исечкани иглички од туја. Поклопете. Варете го чајот на ниска температура 10 минути. Кога ќе се излади, дента испијте го целото количество поделена во 5 чаши.

7. За проблемите со простатата многу корисно е да се пие чај од аспарагус (шпаргли). Прелијте со 300 грама врела вода 3 полни лажички свежо мелен аспарагус и оставете го чајот да отстои, поклопен во замотан сад 2 часа. Потоа процедете и пијте по 100 милилитри трипати на ден с` додека не се подобри состојбата на простатата.

8. Помешајте 40 капки 20-процентен раствор на прополис во алкохол со половина шолја топло млеко или вода и пијте го 15 минути пред јадење. Земајте го ова трипати дневно.

9. Корисно е и секојдневно јадење по една мала главица свеж кромид со лажичка мед.

10. Руските лекари советуваат за побрзо излекување на простатата болниот добро да размисли и да открие што ја повредило неговата машка гордост и го предизвикало заболувањето, бидејќи сите болести имаат своја психичка компонента. Потребно е (во мислите) искрено да ~ простите на личноста што ве повредила и да си простите себеси што тоа сте го пренеле на својата простата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top