Free songs
Home / Болести и лечење / Зошто не боли од страна кога трчаме?

Зошто не боли од страна кога трчаме?

Веројатно сте ги искусиле овие болки од страната на абдоменот, до кои главно доаѓа сред трчање или силно смеење.

trcanje bolka2Ако мислевте дека тоа е нешто опасно, дозволете да ве разубедиме – ова им се случува на сите и е сосема нормално.

Трчањето и смеењето се активности кои имаат барем една заедничка работа – напрегање на дијафрагмата.

Кога силно се смеете, вдишувате многу воздух, ги ширите белите дробови и така ја туркате дијафрагмата надолу. Но, во исто време работата и вашите стомачни мускули и ја туркаат дијафрагмата нагоре.

Сето тоа се случува многу пати во минута додека силно се смеете. Оваа компресија на дијафрагмата, која се повторува многу пати, моќе да доведе до болка.

Истото тоа се случува и за време на трчањето.

Понекогаш се случува да се смеете многу, па покрај болката од страна на стомакот, започнува да ве боли и десната рака. Ако некогаш ова ви се случило, тогаш знаете дека тоа може да биде прилично трауматично искуство – затоа што симптомите делуваат како срцев удар.

trcanje bolkaМеѓутоа, се работи само за грч, затоа што истиот нерв кој се наоѓа во дијафрагмата, доаѓа и до десната рака.

За да го избегнете ова, обидете се да се смеете со прекини.

Меѓу два напади на смеа, направете пауза со две длабоки воздивнувања. И обидете се да избегнувате големи оброци пред трчањето или смеењето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top