Home / бабини рецепти / Жалфија за подобро варење и здрав уринарен тракт

Жалфија за подобро варење и здрав уринарен тракт

Жалфијата е една од најстарите медицински билки. Позната е уште од античките времиња, а и ден денеска луѓето веруваат во нејзината моќ за лекување на многу состојби во организмот.

zalfija

Жалфијата (науч. Salvia) е род на растенија во фамилијата усноцветни. Името жалфија генерално се однесува на обичната жалфија (Salvia officinalis), но може да се користи и за секој член на овој род. Родот Salvia вклучува близу 700 до 900 видови на грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија со речиси светско распространување. Центарот на диверзитетот и потеклото на овој род по сѐ изгледа дека е Средна и Југозападна Азија. Украсните растенија најчесто се нарекуваат со нивното научно име Salvia.

За подобро варење

  • 50 грама жалфија
  • 50 грама листови од бел слез
  • 10 грама камилица
  • 10 грама маточина

Измешајте ги сите состојки во 500мл. вода. Освавете да постои три часа. По поминатото време ставете на шпоред и почекајте да почне да врие. Оставете да врие 5 минути во поклопен сад. Потоа тргнете го садот од оган, и консумирајте по 2 до 3 чаши за кафе дневно млак чај, половина час пред јадење.

Против воспаленија на уринарниот тракт

Чајот од жалфија има и диуретично дејство, кое е послабо изразено, а се должи на присуството на флавоноидите. Може да помогне и при хронични заболувања на мочните патишта.

  • 50 грама жалфија
  • 50 грама листови од бреза
  • 50 мечкино грозје
  • 50 грама цвет од бел слез

Чајот пригответе го на сосема вообичаен начин. Секој ден консумирајте го овој чај, голтка по голтка во текот на денот со правење на паузи. Според луѓето кои го консумирале овој чај навистина има позитивен ефект.

Во фитотерапијата се користат листовите од жалфија кои се сивобеличести поради присуството на нежни влакна. Се собираат во период кога се развиваат цветните пупки – во мај и јуни.

Делотворноста на лисјата се должи, пред се, на присуството на етерско масло (1.5 – 2.5 отсто), кое има антимикробно и антивоспалително дејство. Во лабораториски услови е докажано дека етерското масло ги уништува бактериите Eshericia colli, Schigela sonei, Salmonela, а нешто послабо дејство против бактериите од групата на стафилококи и стрептококи. Таа е ефикасна и во уништување на некои видови на габи како: cadida albicas, cadida krusei, cadida pseudotropicalis, torulopsis glabrata и cyptococcus eoformas.

лекување воспаленија и инфекции на слузниците во устата, непцата, грлото. При овие заболувања се препорачува гаргара со концентриран чај: 2 супени лажици иситнети суви лисја се попаруваат со 500 мл жешка вода. Садот стои покриен 20 до 30 минути, а потоа се процедува. За да биде лекувањето успешно, мора да се прави гаргара редовно, на секои 3 часа.

бронхит Чајот се припрема со 1 супена лажица суви лисја и 500 мл вода. Се пие три пати на ден по 150 мл. Треба да се избегнува долготрајно пиење чај од жалфија бидејќи етерското масло на жалфијата содржи токсична супстанција тујон.

Чајот од жалфија може да се употреби и како средство за подобрување на функциите на жолчката и на црниот дроб, бидејќи горчливите материи и етерското масло го зголемуваат лачењето на соковите во дигестивниот систем. Поради стегливото дејство на танините и антимикробното и антивоспалителното дејство на етерското масло, чајот од жалфија е добар избор при пролив, колит и гасови во црева.

Жалфијата е извонредно средство за белење на забите, јакнење на непцата и помошно средство при парадентоза. Една мала лажица лисја од жалфија се помешува со 1 капка етерско масло од нане и малку сода-бикарбона. Со оваа мешавина се тријат забите и непцата два пати неделно.

One comment

  1. dobro

    ve molam da kazete neshto poveke za migrena ‘ bolno e devoce 18 godini

    blagodaram

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top