Free songs
Home / Болести и лечење / За да сте здрави: Печурките почесто на менито, заборавете ги пилешките крокети

За да сте здрави: Печурките почесто на менито, заборавете ги пилешките крокети

Печурки

pecurkaТрудете се што почесто да ги имате во исхраната, освен ако не сте алергични на нив. Печурките се богати со протеини, витамин Б и витамин Д. Поделотворни се покажале вообичаените видови печурки за разлика од оние поскапите и егзотичните, како, на пример, шитаке. Печурките веќе долго се користат во традиционалната медицина, а некои лабораториски тестирања веќе покажаа дека состојките на печурките може да му помогнат на организмот во борбата против туморот.

Целер

Целерот е зеленчук кој изобилува со витамин К, калиум и фолна киселина. Познат е по тоа што го намалува крвниот притисок, а не содржи многу калории. Целер можете да внесувате и преку супа, бидејќи е вистински избор за зачинување на јадењата. Секој дел од целерот е здрав и корисен, од неговиот корен, па с` до неговиот лист, а во количество од стотина грама содржи само 7 калории. Се препорачува за смирување на нервите, помага при ревма, астма, а ги прочистува мочните канали и бубрезите. Содржи состојки што ги релаксираат артериите, а го намалуваат количеството на хормонот на стрес.

Fish-FoodРиба

Ако ве одбива мирисот на рибата или коските што треба внимателно да се исчистат, треба да го надминете тоа. Знаејќи дека рибиното месо и рибиното масло во редовната исхрана го намалуваат ризикот од инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го забавуваат процесот на стареење, навистина треба да се научите да ја консумирате. Богата е со омега-3 масни киселини и е добар извор на протеини, што е навистина корисно за мозокот и за срцето. За подобар вкус, рибиното месо може да го маринирате.

Домати

Некои луѓе не го сакаат свежиот домат, но, за среќа, немаат проблем да го консумираат во природни домашни сосови. Научниците неколку пати докажале дека ликопенот што се содржи во доматот е еден од подобрите прочистувачи на организмот. Некои истражувања покажале дека варениот домат во комбинација со други зеленчуци има големо антиоксидативно влијание. Ликопенот го спречува настанувањето заболувања на срцето и одредни видови тумор.

Авокадо

Можеби ви изгледа невкусно, но навистина се работи за здраво овошје богато со витамин Е, калиум, и есенцијални масни киселини. Сега барем е лесно достапно и на нашите пазари и до него може лесно да се дојде. Корисно е за кожата и за срцето, а може да се комбинира со сок од лимон.

puter kikirikiПутер од кикиритки

Путерот од кикирики значително го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања. Ако не сте алергични на кикирикти слободно консумирајте го, а може да го додавате и во разни салати.

За да го сочувате здравјето и да го зајакнете имунитетот, од вашето мени исфрлете ги следниве работи:

Прочитајте што да исфрлите од исхраната за да останете здрави на следниот ЛИНК 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top