Free songs
Home / природен лек / Цимет – зачин кој го чува здравјето

Цимет – зачин кој го чува здравјето

Циметот е зачин кој главно се поврзува со слатките, но тој има многу предности кои го прават корисен во секојдневната исхрана и е одличен чувар на здравјето.

Тој има способност за ревитализација на метаболизмот, со што ефикасно се губат килограмите. Циметот помага и за намалување на нивото на ЛДЛ холесторолот во телото, оставајќи го нивото на добриот холестерол непроменето.

med-i-cimet-lek-za-se-01Циметот им се препорачува на дијабетичарите бидејќи природно го регулира нивото на шеќерот во крвта.
Овој зачин го „грее“ телото и ја подобрува циркулацијата на крвта. Најмногу корист од зголемениот проток на крвта има срцето, бидејќи тоа значи намалување на отчукувањата на срцето и намалување на крвниот притисок.

Циметот може да користи и при лекување на различни воспаленија. Помага и при подобра работа на мозокот и го намалува создавањето на тестостерон, а го зголемува производството на прогестерон.

Циметот може да се користи и како ароматерапија, со која се подобрува расположението.

Неколку студии покажаа дека циметот има антисептички својства и ги убива бактериите…

Како да го користите: за да ​​направите чај, измешајте пола лажичка цимет во прав со една чаша зовриена вода. За лош здив, измешајте го со ладна вода и употребувајте го за плакнење на устата. Циметот, исто така, може да се користи и за дезинфекција на рацете, обично во форма на етерични масла.

Внимание: циметот содржи кумарин кој може да ги оштети црниот дроб и бубрезите, ако внесувате големи количества. Во мали количини потполно е безопасен

cimet-16df4b816c05bfd04c058541705756f0_header-620x320

1.Ја подобрува работата на мозокот – Мирисот и вкусот на цимет, како што тврди неодамнешно истражување, стимулира активност во мозокот и ја подобрува концентрацијата, визуелното паметење и меморија и брзината на реакциите.

2.Го подобрува варењето – Циметот е одличен извор на манган, прехранбени влакна, железо и калциум. Спојот на калциум и влакна поволно влијае врз дигестивниот тракт зошто оваа комбинација се сврзува за жолчните соли и помага при нивно излачување надвор од телото. На тој начин сте заштитени од карцином на дебелото црево и високо ниво на холестерол.

3.Ја зајакнува косата – Антиоксидансите во циметот одлично ги регенерираат влакната и го хранат скалпот.

4.Помага во борбата со вишокот килограми – Секојдневната конзумација спречува натрупување на масти во телото, покрај тоа антиоксидансите го стабилизираат нивото на шеќер во крв и ја намалуваат потребата за јаглени хидрати.

5.Ефикасен против габични инфекции – Циметот има неверојатно дејство врз габичните инфекции, кои во поголемиот број случаи се отпорни на лекови. Содржи активни материи: еугенол и цинамалдехид, кои се делотворни против Ешерихија коли.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top