Free songs
Home / бабини рецепти / Враснат нокт – како сами дома да си помогнете со овие бабини лекови

Враснат нокт – како сами дома да си помогнете со овие бабини лекови

vrasnat noktПотопете го ноктот во врела вода. Со тоа ноктот ќе омекне. Потоа со помош на стерилизирана игла подигнете го враснатиот нокт и ставете мало парче памук под него. Со тоа, ноктот ќе добие правилен правец на растење. Парчето памук менувајте го секој ден.

Облога од лимон – Околу проблематичниот нокт врзете парче свеж лимон и оставете да делува цела ноќ. Наредниот ден, кога ноктот ќе биде доволно мек, со стерилна игла подигнете го и сецнете.Секојдневно ставајте памук помеѓу сецнатиот нокт и кожата. На тој начин ноктот ќе добие правилен правец.

За да го намалите гноењето: Ставајте облоги од модар патлиџан. Откако гноењето ќе се намали, измешајте брашно и мед и со помош на газа превијте го ноктот. Откако ќе ја симнете газа, ноктот исплакнете го со чај од камилица.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top