Free songs
Home / Болести и лечење / Очите навестуваат мозочен удар – еве на што да внимавате

Очите навестуваат мозочен удар – еве на што да внимавате

Еден преглед на очите кај специјалист може да ви даде информации не само за видот, туку и за состојбата на голем број витални органи во телото.

Австралиските научници од Универзитетот во Канбера дошле до заклучок дека по измените и оштетувањето на крвните садови во очите може со голема доза сигурност да се предвиди веројатноста од мозочен удар.

podocnjaci1Тие истражувале 7 години над 3.000 Австралијци на возраст над 49 години, на кои периодично ја фотографирале мрежницата на окото за да ги разјаснат можните оштетувања на крвните садови во нив.

Резултатите покажале дека кај 70 отсто од луѓето со нарушувања на ретината веројатноста за мозочен удар е значително поголема.

Научниците ги имале предвид и традиционалните фактори за ризикот од мозочен удар како пушењето цигари и високиот крвен притисок. Според нив, крвните садови на очите имаат слични анатомски и други особености како тие во мозокот.

Оштетена мрежница

На дното на окото се наоѓаат многу мали крвни садови, кои ги хранат мрежницата и оптичкиот нерв. Овие крвни садови се многу деликатни и лесно ранливи. Затоа тие први се оштетуваат под влијание на неповолниот крвен притисок и зголемениот шеќер во крвта. Едно од нарушувањата што се јавува при оштетена мрежница се нарекува ретинопатија.

– Дијабетична ретинопатија е последица од оштетување на крвните садови што резултира со дијабетес.

– Хипертензивна ретинопатија претставува оштетување на крвните садови предизвикана од висок крвен притисок.

vezbi-za-zamoreni-oci-01Ретинопатијата е опасна состојба која предизвикува заматен вид и може да се стигне дури до трајно губење на видот. Истражувањата покажуваат дека ако човек страда од оваа состојба, ризикот од развој на срцева слабост се зголемува значително – 2-3 пати.

Закана за здравјето

Ако дијабетесот и високиот крвен не се лекуваат соодветно, тие можат да им наштетат не само на очите, туку можат да доведат до:

– кардиоваскуларна болест
– мозочен удар
– проблеми со бубрезите
– оштетување на нервниот систем
– поголем ризик од инфекции

Со помош на офталмоскоп може да се утврди присуство на сериозни заболувања уште во самиот почеток и да се преземат навремени мерки за нивна контрола и лекување.

Според алтернативната медицина

– Подуеноста на горните очни капаци може да сигнализираат за формирање камења во жолчката.

– Ако во очите редовно ви се појавува бела слузеста материја, треба да ја прегледате катарактата

– Малите темни флеки под очите се знак за појава на камења во бубрезите.

– Јачменот на окото зборува или за инфекција или за консумирање премногу мрсна храна, која ја отежнува работата на црниот дроб и жолчката.

– Ако кожата под очите ви има виолетова или кафеава нијанса, тоа е сигнал да ги проверите бубрезите, нивото на гликозата во крвта, тироидната жлезда и кардиоваскуларниот систем.

– Честите трепкања со очите се знак не само за неувереност во себе, туку и за евентуално заболување на нервниот систем и на црниот дроб.

– Внатрешноста на капаците на здравиот човек има розова боја. Ако бојата е црвена, тоа зборува за нарушувања во циркулацијата, растројство во дигестивниот систем или проблеми во половата сфера.

– Бледилото на внатрешната површина на очните капаци предупредува на анемија предизвикана од недостиг од железо и недоволно количество хемоглобин во крвта.

 

 

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss