Free songs
Home / аларм / Внимавајте што јадете – топлото време носи „ешерихија“ и „салмонела“

Внимавајте што јадете – топлото време носи „ешерихија“ и „салмонела“

Труење од недоволно обработено месо, расипан мајонез или неизмиено овошје е најчестата појава во летните месеци. На инфективните одделенија засега има само поединечни случаи на интоксикација со храна. Но епидемиолозите предупредуваат дека високите температури овој период и невниманието на граѓаните може брзо да ги наполни болниците. Според нив најризични се месните и млечни производи и затоа сите мора да водат сметка каде и што јадат.

– Месото ако не е доволно обработено може да доведе до труење а посебно овој период кога им а високи температури. И подготвената храна ако не се јаде во рок од еден час веќе е ризична. Мајонезот секако и не се препорачува во летен период, но мора да се внимава бидејќи тој може да се подговтвува недсоодветно, вели Владимир Миќиќ од Институт за јавно здравје

Симптомите на труење можат да се појават само неколку часа по јадењето, при што веднаш доаѓа до пролив и повраќање а подоцна и дехидрирање на организмот. Салмонела, ешерихија коли и стафилококните бактерии се најчестите предизвикувачи на ваквата состојба.

– Кај некои овие симптоми можат брзо да поминат, но кај мали деца, постари лица и оние со намален имунитет може да дојде до поголеми компликации па дури и смртен исход како резултат на реакцијата на бактериите предизвикувачи, вели Миќиќ

Избегнување на брзата храна, добро миење на овошјето и зеленчукот и одржување на личната хигиена се дел од препораките на лекарите до граѓаните, доколку не сакаат да завршат со инфузија во рака на Инфективна.

Sitel.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top