Home / Болести и лечење / Ве прават ли лековите посебична личност?

Ве прават ли лековите посебична личност?

Најновото научно истражување покажа дека антидепесивите и лековите за Паркинсонова болест го менуваат моралниот компас на пациентот, пишува „Медикал дејли“.

lekovi-za-smiruvanje1410979414_thumb_medium490_0Во истражувањето учествувале 89 здрави луѓе на кои им бил даден антидепресивот циталопрам (што го подигнува нивото на серотонин) или плацебо, додека втората група го земала лекот „леводоп“ (што го подигнува нивото на допамин) или плацебо.

Тие потоа биле поделени во двојки. Во секој од 170 експерименти, половина луѓе од двојките одлучиле да примат одреден број електрични шокови за паричен надомест, односно до 20 шокови по цена од 30 долари за секој. Тие исто така, одлучувале за тоа колку шокови ќе прими другата, анонимна партија, чии пари исто така ќе им припаднат на нив.

Оние кои земале циталопрам биле подготвени да дадат околу 92 центи за да го избегнат шокот и околу 1,12 долари за тоа да спречат на другите да им нанесат болка во споредба со 54 и 68 центи кои биле подготвени да им понудат на припадниците на плацебо групата. Тоа значи дека овој лек направил учесниците да бидат повнимателни спрема болката на другите луѓе.

Од друга страна, оние кои земале леводоп нуделе 54 центи да спречат нанесување болка на другите.

– Лековите кои го подигнуваат нивото на допамин ги направија другите луѓе посебични. Поголем број од луѓето сметаат дека полошо е да се направи штета на другите отколку да се повредите себе си, но овој лек тоа го поништува, изјави еден од истражувачите за британски „Гардијан“.

Други истражувачи сметаат дека овие експерименти покренуваат многу важни етички прашања како она колку е морално да се им даваат на луѓето овие лекови со оглед на тоа дека се покажало дека серотонинот и допаминот влијаат на нашата подготвеност да нанесеме болка на други заради сопствена корист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top