Free songs
Home / алтернативна медицина / Тајната на здравјето се наоѓа во дланката

Тајната на здравјето се наоѓа во дланката

Тајната на здравиот живот, проценувањето на изгледите за предвремена смрт, срцев или мозочен удар, би можеле да лежат во дланката, се наведува во студијата објавена во четвртокот во медицинското списание Lancet.

raka tupanicaИстражувањето било спроведено на повеќе од 14.000 луѓе во 14 земји, а резултатите сугерираат дека силината на стисокот на шаката е подобар показател за идноно здравје отколку крвниот притисок.

Меѓународниот тим лекари објави дека испитувањето на силата на стисокот би можело да биде „едноставен евтин“ тест кој би можеле да го спроведуваат лекарите. Експертите, сепак, тврдат дека не е сосема јасна поврзаноста меѓу јачината на стисокот на дланката и здравјето на срцето, како и дека за носењето такви заклучоци потребни се дополнителни истражувања.

Максималната сила на стисокот со годините се намалува, меѓутоа кај луѓето кај коишто таа сила опаѓа со годините со побрзо темпо поголем е и ризикот од здравствени проблеми, укажуваат резултатите од истражувањето.

Жените, на пример, во дваесеттите имаат јачина на стисокот на шаката околу 34 килограми, што кај жените во седумдесеттите опаѓа на 24 килограми, додека еквивалентниот показател кај мажите е 54, односно 38 килограми.

Истражувањето покажало дека намалувањето на силата за пет килограми го зголемува ризикот од предвремена смрт за 16 отсто. Шансите за фатален срцев удар се зголемуваат за 17 отсто, а изгледите за мозочен удар растат за 9 проценти.

Лекарите и тие ризици денес гои проценуваат низ прашалници коишто ги пополнуваат пациентите, од коишто бараат да одговорат на прашања за пушење, телесната тежина, крвниот притисок, нивото на холестеролот и семејната анамнеза.

Научниот тим наведува дека мерењето на силата на стисокот со дланката поточно го предвидува идното здравје отколку мерењето на крвниот притисок, како и дека тоа би можело да биде нова метода за проценување на ризиците од заболувања.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top