Free songs
Home / сведоштва / Слушнав носете го на обдукција, сакав да викнам, но… Исповед на човек кој преживеа мозочна смрт

Слушнав носете го на обдукција, сакав да викнам, но… Исповед на човек кој преживеа мозочна смрт

Драган Субашиќ (39) од Панчево, пред шест години преживеал тежок мозочен удар. За своето искуство напишал блог пост, кој со дозвола на Субашиќ го пренесе весникот „Ало!“

dragansubasic_ff

Еден убав септемвриски ден, поточно 3-ти септември 2007 година со жената и синот поминав прекрасен ден на Адa. Ништо не ‘ навестуваше дека ќе ми се случи нешто кое засекогаш ќе го смени мојот живот.

Субашиќ од војничките денови пател од мигрена, па така по враќањето дома од Адa, седнал со гостите на кафе. Главата се’ повеќе го болела, а потоа се јавиле и првите симптоми.

– Малиот прст на десната рака почна да ми трне, имав мачнини, ми се повраќаше, говорот се’ повеќе ми се претвораше во нешто неразбирливо, десното око почна да ми слабее…, пишува тој.

Како времето поминувало, нему му било се’ полошо и десната страна од телото почнала да му „откажува“. Сепак, неговите блиски не повикале итна помош бидејќи симптомите укажувале на силна мигрена. Субашиќ потоа само на моменти се сеќавал што му се случило, додека не се разбудил во болницата во Панчево. Таму како на филм – слушал се што зборувле лекарите, а неможел да одговори.

314143_Јасно ги слушав и гледав сите кои се наоѓаа пред мене во тој момент. Лекарот во еден момент рече дека тоа е чиста мозочна смрт и да ме однесат на ургентен на обдукција. Сакав силно да викнам…., вели тој.

Мозочна смрт. Мене ми дојде да вриснам, но немав глас. Во еден момент, ви се колнам дека го видов оној бел ореол над главата на еден од докторите. Доаѓа кон креветот и вели дека се појавил некој експериментален лек во Швајцарија, па ако жената сака да потпише да го нарачаат за утре. Таа секако потпишала, пишува Субашиќ.

На Ургентениот во Белград е примен со само 5 до 6% мозочни фунции. Кога го донеле тој експериментален лек, мозочните фунции се зголемиле првиот ден на 80%, но поради тој медикамент имал халуцинации.

-Она што знам, запамтив се’ што се случуваше во собата во која бев. Ги запамтив скоро сите техничари и медицински сестри така да кога отидов на контрола се видов со сите… поединечно, вели тој и додава дека се’ било како на сон.

-Кога излегов од кома најверојатно докторите проценија дека повеќе не сум ургентен и ме вратија назад кај мене во болница. Во болницата поминав скоро три месеци, раскажува тој.

-Не затворајте се во себе, никако. Оној момент кога ќе потонете внатре во себе,  крајот е неминовен. Треба да се биде страшно упорен. И за крај треба да имате само чисто срце и многу волја да ги пребродите сите кризи, заклучува тој.

Драган Субашиќ, на Твитер е познат по надимакот Večni Dečak, а пишува блог на адресата http://vecni.sistem-media.info/blog/
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top