Руски научници направија вакцина против рак, која значајно го продолжува животот на пациентите. Имено, експертите од Научно-истражувачкиот институт за имунологија на сибирскиот оддел на Руската академија за науки, направија вакцина која ги помина сите клинички испитувања и покажа добри резултати.
Моментално оваа вакцина им се дава на пациентите во трета или четврта фаза од ракот, продолжувајќи го нивниот живот за повеќе од два пати. Следната фаза на нејзино користење ќе биде во пораните фази од болеста.
Вакцината ќе се користи против неколку видови на најсмртоносните видови рак: рак на дебелото црево, рак на дојката и рак на простатата.
Институтот соопштува дека е подготвен за комерцијално производство на препаратот. Не станува збор за класична вакцина туку се извлекуваат од телото таканаречени дендритски ќелии кои се оспособуваат по враќањето во телото да го направат имунолошкиот систем сособен да се бори против ќелиите на ракот, вели професорот Владимир Козлов
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes
Каде може да се набави вакцината?
Каде може да се набави лекот?