Free songs
Home / Болести и лечење / Симптоми на рак на грлото на матката

Симптоми на рак на грлото на матката

Најраните стадиуми на ракот на грлото на матката се асимптоматски, т.е. не се појавуваат никакви симптоми. Овој факт уште еднаш потврдува колку се важни регуларните контроли за раното откривање и спречување на развивањето на болеста.

rak-na-jajniciНо, ако ракот започне да се развива, може да се појават следните симптоми:

Крварење од вагината помеѓу две менструации;

Крварење и болка за време на сексуален однос;

Крварење по менопаузата;

Болки во долниот ден на стомакот;

Засилен вагинален секрет со силна миризба, кој може да содржи и траги од крв;

Целосно слабеење на организмот.

Ако забележите некои од овие симптоми, не треба веднаш да заклучите дека имате рак. Дел од овие симптоми може да се појават како резултат на инфекција или некоја сексуално пренослива болест. Но, во секој случај треба да посетите гинеколог за да ви направи преглед и потребните испитувања.

И во народната и во официјалната медицина кантарионот, жалфијата, камилицата и ајдучката трева се користат при гинеколошки проблеми. Вагиналетите со маслен екстракт од овие билки и од коренот на свеж морков (се купуваат во аптека) помагаат во обновувањето на слузокожата на грлото на матката и вагината, ги отстрануваат последиците од воспаленијата и белото перење, кои се проследени со чешање, болка и печење. Вагиналетите помагаат и во менопауза

Вагиналетите се корисни и за жените во менопауза, бидејќи дејствуваат против бактерии и габички. Маслениот екстракт од свеж морков, како природен извор на витамините А, Д и Е ја забрзува ревитализацијата на слузокожата на вагината и ја спречува појавата на бактериски и габични инфекции. Витаминот Е ја подобрува микроциркулацијата, ја спречува појавата на слободните радикали, ја забрзува регенерацијата на оштетените клетки и има јак антивоспалителен ефект.

Вагиналетата се става пред спиење, во лежечка положба, што подлабоко во вагината. За подобар ефект терапијата би требало да трае 5 до 15 дена, но секако треба да се спроведе во консултација со лекарот.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top