Free songs
Home / бабини рецепти / Што се бабини деветини, а кои лекови навистина делуваат

Што се бабини деветини, а кои лекови навистина делуваат

Баба ви вели да се напиете малку домашна ракија со ореви кога ве боли грлото или стомакот, а наместо да се користи со некои модерни препарати, во главно вади некои свои бабини лекови од регалот и знае се’ да излечи.

Таа секогаш има оригинални совети што треба да направите за да живеете подолго и поздраво. Откријте кои совети од бабите се само празни приказни, а што е научна вистина.

babaБабин совет: Ѓумбирот е добар за разболен стомак.

Науката вели: Вистина е дека ова растение ги смирува стомачните тегоби и го намалува чувството на мачнина. Најдобро е кога е припремен како чај.

Бабин совет: Пливањето после оброк може да доведе до грчеви и давење.

Науката вели: Не е сосема точно ни погрешно. Кога јадете крвта се праќа во желудникот за да се свари храната, што може да доведе до насобирање на млечна киселина во мускулите. Пливањето неколку кругови прерано после ручекот не може сериозно да го загрози вашиот живот, но не е препорачливо.

Бабин совет: Медот го забрзува зараснувањето на раните.

Науката вели: точно е дека ако на раната ставите облога од мед, побрзо ќе се опоравите. Медот е чудотворна намирница, создава влажно, антибактериско опкружување кое го забрзува зараснувањето на ткивото. Велат и дека човекот може да живее месец дена само на мед и вода, бидејќи во него ги има сите корисни и хранливи состојки.

Бабин совет: Ставете путер на изгореница.

Науката вели: Ова не е вистина. Не постои доказ дека путерот придонесува до зараснувањето на раната.

Бабин совет: Ако спиете во соба во која работи климата, ќе настинете.

Науката вели: Голема е веројатоста дека ќе настинете. Поедини истражувања кажуваат, но не докажуваат дека мократа глава им помага на вирусите да се рашират, како и дека белите крвни зрнца потешко се борат со нив.

Бабин совет: Едно јаболко на ден, и никогаш нема да одите на лекар.

Науката вели: Јаболкото е исклучително здраво овошје, но нема баш семоќни лековити дејства. Сепак е важен антиоксиданс, и студиите покажуваат дека влијае на намалувањето на крвниот притисок, корисен сојузник е во борбата против астма и алергија, како и во превенцијата од срцеви болести.

Бабин совет: Од чоколада излегуваат акни.

Науката вели: Не постои директна врска помеѓу чоколадата и лошата кожа. Чоколадата може да помогне при создавањето на акните, но какакото не е виновник. За нечистотиите на лицето се виновни шеќерот и млекото, што значи дека би требало да ги одбегнувате сите состојки со овие состојки.

tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top